Skip to main content

СВР Охрид

Денес и утре посебен сообраќаен режим па патот кон манастирот во струшко Калишта

ОВР Струга ќе спроведе посебен сообраќаен режим кон манастирот во Калишта.
 |  инфодеск  | 
Манастир Калишта

 За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ (Мала Богородица), денес и утре ОВР Струга ќе спроведе посебен сообраќаен режим.

Денес, 20-ти септември 2025 година, од 18:00 часот, па се’ до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влезот кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот, а за излез од манастирот кон Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208, Радожда-Струга преку селото Калишта. Истиот режим на сообраќај ќе важи и во недела, на 21-ви септември 2025 година, со почеток од 08:00 часот наутро, па се’ до завршување на церемонијата во попладневните часови.

Со цел за непречено одвивање на сообраќајот во овие околности, од Секторот апелираат до верниците да го почитуваат сообраќајниот режим и насоките на полициските службеници.