Наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Од УХМР информираат дека до среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Минималната температура во Охрид од 12, а максималната до 27 степени Целзиусови.