Skip to main content

Апел за помош за Суарет Алишан, за да се открие точната дијагноза потребни се 5000 евра

На Суарет му е откриен тумор со непознато потекло. Поради ризик при анестезија, хируршка интервенција моментално не е изводлива, а без точна дијагноза не може да се започне со адекватен третман.
 |  инфодеск  | 

Суарет Алишан e човек кој целиот свој живот го посвети на поддршка на децата без родители, лицата со оштетен вид, и сите на кои им беше потребна помош, а денес е во борба за сопствениот живот.

На Суарет му е откриен тумор со непознато потекло. Поради ризик при анестезија, хируршка интервенција моментално не е изводлива, а без точна дијагноза не може да се започне со адекватен третман.

Неопходна е итна анализа – течна биопсија – која може да се направи во акредитирани лаборатории во Швајцарија и Норвешка. Цената за овие анализи изнесува 5.000 евра. Оваа дијагноза е клучна за утврдување на типот на туморот и одредување на соодветна терапија.

 Секоја донација, без разлика на износот, значи чекор поблиску до спасување на еден живот.

Да му дадеме надеж.

 Да му помогнеме како што тој помогнал на стотици други.

Можете да донирате на следната сметка:

Моника Томчевска 

НЛБ 210501715527208