Skip to main content

ДИК ги потврди и објави кандидатските листи за локалните избори

Утре ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати односно на гласачкото ливче.
 |  инфодеск  | 
Државна изборна комисија

Државната изборна комисија ги потврди листите на кандидати за градоначалници и листите за советници за локалните избори кои ќе се одржат на 19ти октомври. Утре ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати односно на гласачкото ливче.

Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје се 303  а за членови на советите на општините и советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи.

Сите потврдени кандидатски листи ТУКА.

За Охрид потврдени се 4 листи за градоначалници:

– Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ – кандидат Кирил Пецаков

– Коалиција за локални избори 2025 предводена од СДСМ – кандидат Асен Шајн

– Група избирачи – Цветкоски Гоце

– Твоја Партија – Стевче Стевоски

Потврдени се вкупно 11 кандидатски листи за членови на советот на град Охрид, од кои 7 се од политички партии и 4 од група избирачи.

За Дебрца потврдени се 5 листи за градоначалници:

– Група избирачи – Димче Андрески

– Коалиција за локални избори 2025 предводена од СДСМ – кандидат Љупчо Паункоски

– Група избирачи – независен кандидат Зоран Ногачески

– Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ– кандидат Златко Силјаноски

– Политичка Партија „Искуство за успех“ – Даниел Огненоски

За советот на општина Дебрца поднесени се вкупно шест кандидатски листи од кои 4 од политички партии, а две листи од група избирачи.

За Струга потврдени се 9 листи за градоначалници:

– Група избирачи – Насто Палиоски

– ПП Левица – Јована Мојсоска

– Национална алијанса за интеграција – Коалиција предводена од ДУИ – Арсим Далипи

– Работничка Партија – Лубе Петревски

– Група избирачи – Бесник Асани

– Група избирачи – Менди Ќура

– Група избирачи – Игор Малески

– ПП Демократи – Роберт Милески

– Група избирачи – Мирко Савески

За членови на струшкиот Совет потврдени се 10 кандидатски листи од кои 7 се од политички партии, а 3 се независни.

За Вевчани потврдени се 3 листи за градоначалници:

– Коалиција за локални избори 2025 предводена од СДСМ – кандидат Стефан Радиноски

– Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ – кандидат Спасе Кочовски

– Работничка Партија – Господин Попоски

Во Вевчани потврдени се 4 кандидатски листи за советници поднесени од политички партии.

Ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати ќе се одржи утре, 24 септември, во седиштето на Државната изборна комисија, со почеток во 13 часот.