СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 и 42-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 година во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и 70-годишно лице од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале кој набрзо, со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По извршениот увид, од местото на настанот пронајдени и одземени се два ножа, една пента и едно дрвено весло а по наредба на јавен обвинител, двајцата пријавени беа лишени од слобода и задржани во полициска станица.
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 година во 05.10 часот, во продажен објект а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож нападнал 20-годишно лице од Охрид. Напаѓачот веднаш беше лишен од слобода а повредениот, со возило на Итната медицинска помош беше префрлен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.