Стружани најавуваат протест за депонијата
Со герила акција стружани синоќа го изразија својот револт против загадениот воздух но и проблемите со водоснабдувањето.

Група активисти со видео прожектор на општинската зграда испратија пораки….Струга се гуши, Нема воздух нема живот….Воздух или смрт…Сите се труеме…

Беше прикажано и видео, велат градот секојдневно се гуши во чад од спалалените депонии. Претходно активистите од Струга побараа од надлежните институции да преземат итни мерки.
„Секоја вечер во Струга се чувства истото. Мирис на запалена депонија. Ние не можеме да твориме прозорец во нашите домови, децата не можат да дишат нормално и сите заедно живееме во страв што вдишуваме. И тоа ни е само непријател мирис. Тоа се практично отрови кој сериозно го загрозува нашето зраје. Затоа, заедно со Глигорија Чатовски, поднесовме официјална пријава до Општина Струга, до Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за животна средина.“- вели Владо Стојкоски активист.

Струшката нестандардна депонија е во самиот град, но диви депонии имаат речиси сите села во околината, кои често се спалуваат. Активистите велат граѓаните имаат право на чист воздух.
„ Во пријавата бараме институциите да го утврдат точниот извор на ова загадување, дали станува збор за човечки фактор, намерно или ненамерно, палење, отпад или за друг причинител. И во таа смисла да преземат конкретни и итни мерки за тоа конечно да престане. Ова загрзување не е само локален проблем. Туку, директна закана за секој жител на Струга. Институциите има и законска, и морална оврска да реагираат за тоа што правото на чист воздух е основно човеково право. Нашата порака е јасна. Доволно е. Струга заслужува чист воздух, а не труење и молба. Ние како граѓани нема да престанеме да бараме одговори и конкретни чекори. Време е за акција и тоа веднаш.“ – додава Стојкоски.
Проблемите со струшката депонија која според анализите го загадува воздухот, почвата и водата предизвикувајќи сериозни штетни последици по здравјето на лугето со години беше во судница, од неодамна случајот се пресели во судот во Стразбур.