Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Охрид денешните температури ќе бидат во интервал од 14 до 26 степен Целзиусови.
Од УХМР информираат дека од утре до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура значително ќе опадне.