24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид
Традиционално во Охрид, од денес до сабота ќе се одржи 24. Годишна конференција на Македонска берза.
Перспективите на македонската и на економиите од регионот, можностите и предизвиците што се исправени пред компаниите, развојот на пазарот на капитал, трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, како и други теми од областа на финаисиите и берзите ќе бидат во фокусот на дискусиите.
Воведни обраќања ќе имаат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази. Учесниците ќе можат да проследат и повеќе интересни интервјуа, а на различни теми од областа на финансииското и берзанското работење мешу другите ќе говорат и Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски.