Skip to main content

Дрогба еден од 100-те највлијателни луѓе во светот

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Челси, Дидие Дрогба доби големо признание откако се најде на насловната страница на славниот „Тајм“, посочен како еден од 100-те највлијателни луѓе на денешницата.

 |  Маја Савиќ  | 
time
тајм
drogbaНапаѓачот на англискиот премиерлигаш Челси, Дидие Дрогба доби големо признание откако се најде на насловната страница на славниот „Тајм“, посочен како еден од 100-те највлијателни луѓе на денешницата

Ретко кој спортист успевал да се најде на насловната страница на „Тајм“, а особено во изборот на највлијателните луѓе, специјална листа, која посебно ја објавува во овој двоброј. Уредништвото на весникот потенцирале дека Дрогба е посочен затоа што ужива неверојатна популарност во Африка.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска во 2006 година за време на Светското првенство во Германија, на кое „слоновите“ дебитираа, успеа со своето влијание, но и со настапите барем на еден месец да ја рпекине крвавата граѓанска војна во својата татковина. Поради ваквите потези, влијанието на Дрогба беше препознаено од „Тајм“, кој од спортистите досега ги има ставено само Мухамед Али и Мајкл Џордан.

– Тајмовите 100 немаат врска со влијанието на моќта, туку моќта на влијанието. Некои луѓе се влијателни во традиционална смисла на зборот, но ние бараме луѓе чии идеи и дела носат револуција во тоа што го работат – рекол Ричерд Стенгел, уредник на „Тајм“.

Дрогба на насловната е во друштво на Бил Клинтон и Лејди Гага, а на листата се и Барак Обама, Сајмон Кауел, Опра Винфри…

{loadposition content9}