Skip to main content

Здружение на бубрежни болни граѓани – НЕФРОН

Струга е домаќин на Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant

Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе изобилуваат со активности прилагодени за можностите на пациентите од дијализа и трансплантација.
 |  инфодеск  | 

Од денеска, 25-ти до недела, 28-ми септември 2025 година, во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржат Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant, информира Здружението на бубрежни болни граѓани НЕФРОН.

Здружението е домаќин на средбите, а учество ќе земат и организации на пациенти од дијализа и со трансплантирани органи од 8 земји членки на мрежата: Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Црна Гора.

-Средбите се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе изобилуваат со активности прилагодени за можностите на пациентите од дијализа и трансплантација. Учесниците ја имаат поддршката од здравствените власти, медицински установи и здравствени институции. Тие ќе се обединат, ќе разменат искуства и ќе го подигнат својот глас на повисоко ниво од регионот и ќе апелираат за поголем број донирани органи за трансплантација, велат од Здружението НЕФРОН.