Skip to main content

Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, 170 лица чекаат бубрег

Во година и половина направени се 4 кадаверични трансплантации.  Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, но причина број еден е малиот број на донори. Здруженијата велат итно е потребна национална кампања за зголемување на свеста за органодарување..
 |  инфодеск  | 

Во изминатава  година и половина направени  се вкупно 4 кадаверични трансплантации,  осум  пациенти добија бубрег, од починат донор. Листата на оние  кои чекаат трансплантација е долга,  ги има  околу 170 лица, а  меѓу нив  и деца на 15 годишна возраст.

Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации,  но причина број еден е малиот број на донори.

„ Во однос на процесот на трансплантација ние треба да се согледуваме на другите европски држави каде што бројката на трансплантирани болни изнесува некаде околу 30 до 40% од вкупните пацијенти кои што побаруваат  терапија. За жал во Македонија бројката е некаде Околу 13-14% од вкупните волни. Ние заедно со координаторката работиме постојано да се зголеми бројката на трансплантирани пациенти.“ –  вели Д-р Никола Ѓоргиевски директор на Клиника за нефрологија.

Покрај бубрези годинава се трансплантирани  4 црни дроба, направени се и   20 трансплантации на коски, лигаменти, коскените тккива и што е најважно сите се  успешни.  За жал не е направена  ниту една трансплантација на срце поради некомпатибилност,  но и одбивање од страна на пациентите.

„ Од јануари до сега ние сме детектирале 12 пациенти со мозочна  смрт.  Дел сме ги елиминирале од медицински причини има критериуми, кој може, кој не може да биде донор.  Дел не дале согласност.  Сме ги трансплантирале тие што дале согласности, кои што имале искучително здрави органи. Бројката секогаш треба да се зголемува.“ – вели д-р  Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Здруженијата велат итно е потребна  национална кампања за зголемување на свеста кај граѓаните за органодарување.

„ Значи, потребен е воспостовување на еден систем, траен, кој нема да зависи од желбата и ентузијазмот на докторите. Затоа што, ако тој систем не биде добро инсталиран, тој ентузијазм со време ќе скласне и, како еден од најголемите проблеми, е особство на една државна кампања, за органодарителството.“ – вели Душко Ѓоргиев претседател на Здружението Нефрон.

Во  земјава има 1400 пациенти на дијализа, според нив  потребно е зголемување на бројот на кадаверичните трансплантации, подобрување на дијализата, како и реновирање на центарот за трансплантација.

Новинар Соња Рилковска