Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со повремен локален дожд, утре преодно стабилизирање, а од среда нов постуден бран

Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 20 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од УХМР информираат дека во вторник ќе имаме преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.

Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 20 степени Целзиусови.