Со свечен академски час, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе го означи почетокот на академската 2025/2026 година. Настанот ќе се одржи во среда, 1 октомври 2025 год., во 12 часот во амфитеатарот на Универзитетот, со присуство на студенти, професори и гости.
-Свеченото отворање е момент да го прославиме новиот почеток, да им посакаме добредојде на новата генерација студенти и да ја зајакнеме нашата академска заедница во духот на соработката, знаењето и успехот, велат од УИНТ.
Новата академска година ќе донесе предизвици, но и можности за унапредување на знаењето и практичните вештини, со цел создавање квалитетни кадри подготвени за современите општествени и технолошки промени. Со свеченоста, УИНТ ќе ја потврди својата мисија за градење силна академска заедница во нашата држава.