Skip to main content

Од утре поевтин паркинг во Охрид

Од утре па до крајот на март 2026 год ќе важи вонсезонската пониска цена за час паркинг на јавните паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори.
 |  инфодеск  | 
Охрид паркинг

Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори, Бр. 02-1267/2, донесена на 27. 12. 2022 година, ЈП “Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од утре, 1 октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите со кои стопанисува.

Од 1 октомври цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое стопанисува ЈП “Билјанини Извори” .

Измената се однесува на период од 01. 10. 2025 до 31. 03. 2026 година.