Skip to main content

Црвен крст Охрид

„Есенска работилница“ вечерва во просториите на Црвен крст

Клубот на млади при Црвен крст Охрид започнува со одбележување на Неделата на млади која се одбележува од 1 до 7 октомври.
 |  инфодеск  | 

Клубот на млади при Црвен крст Охрид започнува со одбележување на Неделата на млади која се одбележува од 1 до 7 октомври.

Од Црвен крст планираат неколку активности, а како прва е предвидена „Есенската работилница“.

– Покрај изработка на прекрасни есенски украси, целта на оваа активност е да се поттикне тимската работа, да се развие креативното размислување и да се создаде простор каде секој млад човек може да го изрази својот талент и енергија, потенцираат од Црвен крст Охрид.

Рботилницата ќе започне во 20 часот.