Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Од УХМР информираат дека под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.