Во рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид одбележувајќи го својот 29-ти роденден, најавува уште еден голем, впечатлив и динамичен настан – ROCK AND MOB!
-Доживејте го овој празник на младоста, хуманоста и музиката исполнет со моќни акорди, позитивна енергија и топла атмосфера што ќе ви овозможи да ја почувствувате вистинската сила на заедништвото, порачуваат организаторите.

Музичкиот настан ќе биде продолжение на спортско-рекреативната и хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, со почеток во 14:00 часот, а на посетителите ги очекува уникатно ROCK AND MOB искуство кое ќе ги обедини сите – млади и стари, локални жители и гости, хуманисти и љубители на музиката. Ќе настапуваат добро познатите охридски бендови Urban Planet, Камелеон, No Fun и The Backdoor Band.
-Овој хуманитарен настан не е само забава – тој е гест на поддршка, знак на љубов и доказ дека младите можат и умеат да создаваат промени. Преку музика и дружба, ќе испратиме порака за единство и меѓусебна грижа, порака која ќе одекнува подолго од самиот настан. Затоа, ве очекуваме на овој незаборавен момент, заедно да создадеме спомени кои долго ќе се паметат! Дојдете, бидете дел од ROCK AND MOB!, велат од Црвен крст Охрид.