Поголем дел од Охрид и Дебрца минатата вечер и сабајлево беа без струја поради дефект во електродистрибутивната мрежа.
Од ЕВН Македонија информираат дека се работи за дефект и без електрично напојување се делови на Охрид и Дебрца, но екипите на претпријатието се на терен и работат на санирање на истиот.
-Поради испад на извод на 110кВ трафостаница „Охрид 1”, без напон останаа 207 трафостаници (10/0,4кВ) во Охрид. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервернираа на терен и го вратија снабдувањето за поголем дел од корисниците. Моментално само 23 трафостаници (10/0,4кВ) се без напон, односно околу 2500 корисници. Екипите на Електродистрибуција ќе работат на терен се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија за сите корисници, информираат од ЕВН.