Skip to main content

Првомајски протест или скара

Движењето за социјална правда – Ленка на меѓународниот ден на трудот организира првомајски протест против континуираното кршење на работничките права во Република Македонија.

 |  Маја Савиќ  | 
skara
скара
protestiДвижењето за социјална правда – Ленка на меѓународниот ден на трудот организира првомајски протест против континуираното кршење на работничките права во Република Македонија.

Протестот, како што е најавено ќе започне во 13.30 часот, на паркингот позади Градски трговски центар (наспроти зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија).

Организаторите најавија дека од собирното место ќе се оди пред Собранието на Република Македонија, а потоа на плоштадот „Македонија“ каде што ќе се држат говори и ќе се делат памфлети за значењето на Први мај и за работничките права во нашата земја.

prvi majДвижењето за социјална правда – Ленка ги повикува да дојдат на протестот сите работници без оглед на етничката и верска припадност, сите оние со кои газдите се изживуваат на работното место, што ’рмбаат, што примаат плата под нивото што го заслужуваат, што примаат плата со задоцнување, што не ги пријавуваат за да остваруваат права од осигурување, што ги тераат да работат прекувремено без да им платат, што ги тераат да работат во саботи, па дури и во недели, што им вршат политички притисоци, што сексуално ги малтретираат, што им го кратат породилното отсуство, што се невработени, што се сиромашни.

Поради неолибералистичката политика на досегашните влади на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, речиси секоја година се донесуваат измени и дополнувања на законите од областа на работните односи со кои се повеќе се намалуваат работничките права, се наведува во соопштението на Ленка, додавајќи дека не се почитуваат и оние минимални и се’ помали права кои законот им ги гарантира на работниците.
{loadposition content9}