Божиновски: Ја имаме најсилната, најподготвената и најодговорната листа на кандидати за членови на Советот
Ова е Најсилната, најподготвената и најодговорната листа на кандидати за членови на Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за претстојните локални избори, кажа денеска на прес конференција носителот на листата Перчо Божиновски.
„Ги обединивме искуството и младоста, енергијата и мудроста, визијата и традицијата. Тим на чесни, вредни и посветени луѓе кои работат за доброто на Охрид и охриѓани. Луѓе кои ја поминуваат улицата, кои доаѓаат од маалата и населените места, кои ги споделуваат вашите проблеми и вашите соништа, се радуваат на вашите успеси и не ветуваат чуда, туку макотрпна работа и одговорност. “ – рече Божиновски.
Божиновски рече дека заложбата на Советот на Општина Охрид и советниците ќе биде насочена кон поддршка на 10-те приоритетни проекти за Општината како дел од програмата на идниот градоначалник Кирил Пецаков.
„ Модерна општинска инфраструктура, Локална стратегија за економски силна општина, Општината во дигитална ера, Инвестираме во спорт и во здрави навики, Зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, Поддршка и промоција на локалниот туризам, Поддршка на културата и културните настани, како и реализација на вистинските идеи од охриѓани за добробит на сите.3 – наброја Божиноски.
Изборот е дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред или ќе дозволиме да не вратат назад, таму каде што се губеше надежта и се рушеше довербата, рече носителот на листа на ВМРО ДПМНЕ и Колацијата „Твоја Македонија“
Со чесност, со работа и со истрајност.Со надеж, оптимизам и непоколеблива волја да продолжиме да бидеме силата на промените и иднината и на 19 октомври да го направиме Вистинскиот избор 9 за Мнозинство во Советот, 9 за Кирил Пецаков – Градоначалник на Охрид, порача Божиновски.