Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 14 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).

Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 14 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.