Skip to main content

Откриено што се случило со телото на Адолф Хитлер

Ветеран на советската КГБ тврди дека информацијата за тајната локацијата на која тој лично го кремирал крвникот на 20 век ќе ја однесе со себе во гроб.

 |  Маја Савиќ  | 
hitler
хитлер
Ветеран на советската КГБ тврди дека информацијата за тајната локацијата на која тој лично го кремирал крвникот на 20 век ќе ја однесе со себе во гроб


HitlerПосле 65 години од самоубиството на Адолф Хитлер во Берлин, се појави Владимир Гумењак личноста која ги уништила неговите посмртни остатоци, кој се заколнал дека никому нема да ја каже локацијата на гробот, пишува „Дејли Мејли“.

Единствено што е познато е дека гробното место се наоѓа во близна на градот Магденбург.

Гумењак е последниот жив член на тричлениот тим кој во 1970 година од тогашниот раководител на КГБ, Јуриј Андропов добил тајна задача да ги откопаат коските на Хитлер, неговата љубовница Ева Браун, како и остатоците на Гебелс и неговата фамилија.

Ветеранот на КГБ за руските медиуми има изјавено дека тој со неговиот тим ги кремирал остатоците од телата и потоа пепелта ја расфрлал во река.

„Локацијата ја одреди КГБ, никој немаше присутен таму, за дваесетина секунди се беше готово. Тоа беше последниот лет на фирерот“ изјавил Гумењак.

Според него не е соодветно да се открие точната локација, бидејќи постои опасност таа да стане култно место на денешните неонацистички организации.

Тимот на Гумењак кај реката се претставувале за риболовци и подигнале шатор врз местото каде претходно биле погребани коските на метар и половина под земјата во распаднат дрвен сандак.

По ископувањето тие ги запалиле коските, а потрошиле цел канистер со бензин за тоа. Гумењак лично ја расфрлал пепелта, а за настанот не разговарал со никого никогаш, тој не им кажал ниту на неговите најблиски.
{loadposition content9}