Skip to main content

Уште една трагедија во Србија: Чамец со 11 патници се преврте во Дунав

Во близина на Бачка Паланка, на границата помеѓу Србија и Хрватска, синоќа се преврте чамец со 11 патници.
 |  инфодеск  | 

Ноќеска се преврте чамец во Дунав во близина на Бачка Паланка, на границата помеѓу Србија и Хрватска. Според првичните информации, во бродот имало 10 државјани на Кина и еден државјанин на Србија, кои сакале нелегално да ја преминат државната граница.

Спасувачите и понатаму трагаат за исчезнатите лица, додека на терен се присутни екипи на брза помош, полиција и пожарникари. Во помош се вклучени и специјализирани тимови за спасување на вода од Србија и Хрватска.