Skip to main content

СВР Охрид

Семејното насилство и агресивното однесување доминира во полицискиот Билтен

Семејното насилство сè почесто споменувано во полициските билтени.
 |  инфодеск  | 
Семејно насилство

На 05.10.2025  во 22:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 33 – годишна сопруга, а упатувал закани и кон останатите членови на семејството. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

На 05.10.2025 во 10:35 часот на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 32-годишно лице од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја напаѓал неговата 31 – годишна сопруга од Охрид и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „телесна повреда“.