Од охридската Гимназија информираат дека заедно со Нула Отпад во континуитет преку едукација се трудат да создадат генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.

-За таа цел поставен е контејнер за ситен електронски отпад во дворот на училиштето, а учениците од прва година заедно со професорот по Информатика, Дарко Цветкоски рециклираа паметно за нула отпад, велат во нивното соопштение.

