Skip to main content

СВР Охрид

СВР Билтен: приведен охриѓанец кој нападнал сограѓанин пред казино, кривична пријава за Грк кој продавал марихуана на зависници од Охрид

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 08.10.2025 во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет нападнал 42-годишно лице исто од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода.