Утре, Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.

Свечената седница е предвидено да се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот. Ќе се обратат претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма.
Во сабота, 11 октомври, во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд-Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта.