СДСМ најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште
На денешната прес конференција на СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште во Охрид, како една од најзначајните иницијативи што ја предлагаат како советнички тим на СДСМ.
-Оваа иницијатива не е обичен проект ова е порта која ќе го поврзе Охрид со иднината и современите светски туристички дестинации. Порта која ќе го отвори градот кон нови можности за туризам, економски развој и меѓународна соработка. Проектот ќе се реализира во корелација помеѓу Општина Охрид, државните институции и приватниот сектор. Ќе се води особено внимание за локацијата да биде избрана во согласност со сите стандарди за заштита на природното и културното наследство, а особено со стандардите на УНЕСКО, истакна Димкоски.
Во неговото соопштение се вели дека ова пристаниште ќе обезбеди уреден, безбеден и функционален простор за пловни објекти, нови туристички содржини и услуги, можности за отворање нови работни места, еколошки стандарди – со системи за прочистување на води и користење обновливи извори на енергија, комерцијални и угостителски капацитети, достапни за локалното население и посетителите, а додава дека истиот ќе се реализира етапно.
-Прво ќе се изработат сите неопходни технички решенија и документација, потоа ќе следи изградбата на инфраструктурата, ќе се инсталираат еколошките системи и на крај, ќе се уреди туристичката и комерцијалната зона и ќе започнат активности за промоција и пуштање во употреба Оваа визија е спој помеѓу старото и новото , задржувајќи ја автентичноста на Охрид слино ќе влијае на развојот и модернизацијата на градот. Нашата цел е јасна, одржлив туризам што не ја загрозува животната средина, туку ја надоградува туристичката понуда и ја поддржува локалната економија, се додава во соопштението.