Skip to main content

РЦСОО „Ванчо Питошески“

Меѓународен успех за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – освоени златни и сребрени признанија на ГАТУС

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ го преставија нивното училиштето на највисоко ниво 13-тиот меѓународен натпревар за ученици од угостителско-туристички училишта – GATUS 2025.
 |  инфодеск  | 

Во периодот од 5 до 8 октомври се одржа 13-тиот меѓународен натпревар за ученици од угостителско-туристички училишта – GATUS 2025. На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска) и Бар (Црна Гора), каде домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Бар, Црна Гора.

Учениците се натпреваруваа во готварство, угостителско послужување и подготовка на тридневен туристички аранжман.

Од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” – Охрид информираат дека нивните ученици освоија еден златен и два сребрени медали во следните дисциплини:

ГОТВАРСТВО

– Давид Димоски

– Никола Краљевски

– Јован Андов

ментор: Васил Талевски

УГОСТИТЕЛСКО ПОСЛУЖУВАЊЕ

– Славе Софкоски

– Кристијан Нестороски

БАРМЕН

– Виктор Стојчески

ментор: Елена Спироска

ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН

– Андреа Билбилоска

– Вероника Ѓуракова

– Ивона Апостолова

ментор: Милена Илијевска

На учениците и менторите им беа доделени златни и сребрени дипломи, а за сите учесници беше организиранo едукативно крстарење по Скадарското Езеро .

Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2026, ќе биде градот Приједор, Босна и Херцеговина.