Со свечена седница Општина Охрид ги започна чествувањата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Седницата започна со видео запис со историјата на Охрид за време на Втората-светска војна и за борците од охридско кои ги положија животите за ослободување, а продолжи со изведба на химната на Република Македонија од страна на охридскиот детски хор „Бамбино“.


11 Октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една генерација која избрала да не молчи со решителност поголема од стравот и со силна идеја посветла од темнинатата на ропството, истакна во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Кирил Пецаков.

„Охрид и Дебрца дале многу храбри луѓе за оваа слобода која ја живееме денес. Тоа не се само имиња на споменици, тоа се нашите предци, нашите роднини, соседии пријатели чии животи се вткаени во слободна Македонија. Нивната жртва е темелот врз кој е изградена нашата држава. Денес ја имаме честа да им оддадеме достојна почит но не само со зборови, туку и со ветување дека нивната борба нема да биде заборавена и дека ќе го чуваме нивното големо дело како аманет за идните поколенија. Слободата која ја имаме денес не е само привилегија, таа е наша одговорност. Затоа, треба да ја вреднуваме со знаење, љубов и решителност, да продолжиме да бидеме свои на своето и гордни на се што е македонско. “ – рече Пецаков.
Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци во Народноослободителната и антифашистичка борба ние живееме во слободна и независна македонска држава, сон на многу генерации кои оставија аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на нашата татковина, кажа во своето обраќање претседателот на ОО на Сојузот на борци и поддржувачи од Охрид и Дебрца Гоце Георгиески.

„Сега кога имаме самостојна македонска држава, кога ја имаме долго очекуваната слобода нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Храброста се покажува тогаш кога треба да се даде животот за својата татковина. Но, храброста се покажува и тогаш кога треба да се живее за неа. Несмееме да дозволиме нешто што се градело со векови да дојде во опасност, да биде загубено за миг. Минатото го паметиме, историјата ја почитуваме, а иднината ја градиме. Единствениот пат кој сакаме да го изодиме е патот до модерна, демократска, перспективна и европска Македонија како подобро место за живеење за сите нејзини граѓани. –додаде Георгиески.
Присутните има аможност да проследат монодрама извадок од романот Пиреј од Петре М Андреевски во изведба на актерката Андријана Билаловиќ Тодороска, песни со мотиви од НОБ во изведба на кадемските музичари Мила Тренеска, Дарио Тренески и Билјана Буџакоска, а културно уметничката програма ја заокружија играорците од КУД Ѓердан од Бисери.

Во рамки на културно-уметничка програма беше изведена монодрама-извадок од романот „Пиреј“ од страна на актерката од Охридскиот народен театар Адријана Билаловиќ – Тодороска, по што следеше настап на академските музичари Мила Тренеска, Дарио Тренески и Билјана Буџакоска и настап на КУД „Ѓердан“.


Утре во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта.