Настан за подигнување на свеста за менталното здравје денес во Младински Центар Охрид
По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври, Младински Центар Охрид денес организира настан-дискусија посветен на менталното здравје на тема „Пристап до услуги – Ментално здравје при катастрофи и вонредни состојби“.
-Оваа година, фокусот е на обезбедување на поддршка за лица погодени од конфликти, катастрофи, раселување и други кризни ситуации, како и за хуманитарните работници во теренски услови, информираат организаторите. Во нивното соопштение додаваат дека на настанот ќе говорат лиценцираните психолози Кети Маркоска и Сања Наковска.
-Дојдете да учиме, разменуваме искуства и да се потсетиме колку е важна нашата психичка здравствена поддршка, порачуваат организаторите.

Настанот започнува во 18 часот во просториите на Младински Центар Охрид.