Кој ги замолчува македонските новинари?
“Има една изрека која вели-’Кога ќе речам слободен сум, веќе е направен чекор кон освојување на слободата’. Значи ние треба прво во нашите глави да се ослободиме од автоцензура, потоа да се избориме со нашите газди, со менаџерите. Ако не успееме, илузорно е да очекуваме власта, која по дефиниција се труди да го освои медиумксиот простор, да ни ја даде слободата на тацна“, вели Кокаланов.
Политички амбиции на медиумските газди
Самокритична е и Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Но, според неа, политичките амбиции на медуимските газди најмногу ја ограничуваат слободата на печатот. Бројот на критички настроени медуими се зголемува правопропорционално со намалувањето на обемот на владини реклами во нив, вели Костова.
“И во времето на Милошевиќ имаше медуими кои го критикуваа неговиот режим, но тоа не значи дека имаше слобода на печататот“, вели Костова.
Македонија е една од земјите со најголем број на медуими по глава на жител, особено елетронски. Бројноста ги прави финансиски слаби и неопорни на бизнис и политички влијанија. Ако на почетокот на транзицијата плурализмот во медуската сфера беше браник на демократските вредности, сега медиумите се заразени со вирусот на непрофесионализам и недоверба во јавноста. Се разбира исклучоци има, а јавноста нив најдобро ги препознава.
{loadposition content9}