Skip to main content

Од утре се воведува новиот систем за контрола на Шенген зоната

Согласно новиот систем, граѓаните ќе мора да остават биометриски податоци – отпечаток од прст и фотографија при првиот влез во некоја од членките на Европската Унија. Истите веќе ќе бидат евидентирани во системот, што значи дека при секој нареден влез во некоја од земјите во ЕУ, службениците за пасошка контрола само ќе ги потврдат податоците.
 |  инфодеск  | 
Passkontrolle Passport control signage

Од утре почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена.

Имплементацијата на системот ќе биде постепена во период од шест месеци, при што во првите 30 дена земјите членки ќе треба да евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от ден треба да почне евидентирањето на сите преминувања. Со ова практично од 10 април 2026 година ЕЕС системот треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.