Skip to main content

општина охрид

Свежо цвеќе во чест на борците од НОБ

‎По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.
 |  инфодеск  | 

Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.

‎По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај градските гробишта.