ФТУ – Охрид со активен академски придонес на ICEMIT 2025
Од Факултетот за туризам и угостителство информираат дека тим од професори од нивниот факултет, во период од 9 до 11 октомври учествуваше на Меѓународната научна конференција за економија, менаџмент и информатички технологии – ICEMIT 2025 во Куршумлиска Бања, Србија, а во организација на Школата за бизнис студии во Блаце, Топличка академија. Таму, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се јави како коорганизатор на оваа престижна научна манифестација, заедно со Универзитетот во Крагуевац, Факултетот за хотелски менаџмент и туризам во Врњачка Бања.

-Огромна чест за нашиот факултет беше тоа што деканката проф. д-р Снежана Дичевска беше еден од пленарните предавачи и ја отвори конференцијата. Нашите професори учествуваа со вкупно шест научни трудови, претставувајќи резултати од актуелни истражувања во областите на економијата, менаџментот и туризмот. Конференцијата претставуваше одлична можност за вмрежување, размена на знаења и продлабочување на академската и институционалната соработка, велат од ФТУ – Охрид .
