Вчера, по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалстуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков како и гостите од Српската православна црква: главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет во Белград протопрезвитер- ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ.


На богослужбата, покрај многубројниот верен народ присуствуваше и градоначалникот на општина Охрид, г. Кирил Пецаков и амбасадорот на Руската Федерација г. Сергеј Баздникин.


