Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Од денес до петок акција за подигнување зелен отпад во населба Радојца Новичиќ

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
 |  инфодеск  | 

Од Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид инфомираат за измена во Календарот на акции за подигнување на кабаст и зелен отпад за 2025 год. Имено заради реалната ситуација на терен и наметнатите потреби, Акцијата за подигнување зелен отпад од У.З.14 Радојца Новичиќ која согласно Календарот беше предвидена за 31.10.2025 год., ќе се реализира на 17.10.2025 год. (петок). Со акцијата се започна од денеска и ќе се реализира заклучно со 17.10.2025 год. (петок).

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.

-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.10.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, велат од претпријатието.