Од тимот на кандидатот за Градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков потсетуваат на приоритетните проекти од неговата програма.
Дел од приоритетните проекти од програмата на Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија” се: изградба на Младински културен центар, реконструкција на културните домови во населбите Црногорци, Кошишта и Љубаништа, уредување на отворениот дел на Градскиот пазар и негово покривање со настрешница, изведба на секундарна канализациона мрежа во селото Трпејца, реконструкција на дел од магистралниот пат Охрид-Битола, до црквата „Света Недела“ во селото Косел, изградбата на дел од фекалната канализациона мрежа меѓу Долно Лакочереј и Орман, реконструкција на дел од Булеварот „Туристичка“ (од ул. „Стив Наумов“ до ул. „Јане Сандански“).





