Skip to main content

Историски момент: Први победи на Светско првенство во Таеквон-до за Божидар и Владимир Димитриевиќ

Нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, носејќи се рамо до рамо со многу искусни шампиони. Честитки!
 |  инфодеск  | 

Овај викенд најдобрите натпреварувачи во Таеквон-до ИТФ од 74 земји од светот, беа собрани во Јесоло, Италија, каде се одржа Светското Таеквон-до ИТФ првенство од 05.10 – 12.10 2025, каде учество зеде и Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација. На ова Светско првенство имаше над 2500 учесници од 74 земји.

Нашата репрезентација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, учествуваше со двајца натпреварувачи. Божидар Димитриевиќ, црн појас II дан, се натпреваруваше во категоријата сениори од 18 до 34 години во борби -92 килограми. Во неговата категорија имаше 17 натпреварувачи, кои беа поделени во 5 групи, а Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан, се натпреварауваше во категоријата сениори од 18 до 34 години во борби -78 килограми со 31 натпреварувачи поделени во 8 групи од неговата категорија.                       

Како и секое првенство, така и ова нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, носејќи се рамо до рамо со многу искусни Светски, Европски, Азиски и други шампиони. Иако првпат излегуваат на Светско првенство како сениори, релативно млади, постигнаа вкупно три победи, од кои Божидар Димитиревиќ во неговата група извојува една победа над Монголија, додека две загуби од Бугарија и Грција, а Владимир Димитириевиќ кој пред еден месец наполни 18 години и за него е ова прво Светско првенство, извојува две победи во неговата група над Норвешка и Аргентина, додека со противникот од Русија изгуби со тесна разлика и за жал не отиде во четвртфинале, додека претставникот од Русија се закити со бронзен медал. Владимир Димитриевиќ кој оваа година се закити со бронзен медал од Европското првенство во Талин, Естонија во категорија јуниори 16-17 години, продоложува да испишува Историја во спортот како најмлад  натпреварувач во сениорска конкуренција, со две победи од на светско, велат од Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација.

-Секој тренер, секој селектор би се гордеел да има натпреварувачи, кои иако од мала земја, не се аутсајдери и прават да се гордееме со нивните настапи со нивните победи, кои гродо и достоинствено ја претставија Македонија на ова Светско првенство.  Овие успеси не би биле доколку не ја имавме подршката од Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ,  Министерството за спорт и Општината Охрид, вели претседателот на М.Т.Т.Ф , Марјанчо Лазаревски кој користи прилика да изрази најголема благодарност до нив и до сите љубители и подржувачи на овај спорт.