Македонските ватерполисти се пласираа на ЕП во Хрватска
Македонската ватерполо селекција вторпат ќе игра на Европско првенство, во септември во Хрватска, откако вчера со помош на Грција „црвено-жолтите“ обезбедија ново учество на континентланиот шампионат.
| Маја Савиќ | Спорт
ватерполо
Грција ја победи Франција со 14-7 и не се коцкаше со сопственото реноме, да си дозволи да им пушти на „триколорите“, само за да ја исфрлат Македонија од ново учество на ЕП. Вакво стравување имаше поради нашите односи со јужниот сосед, но тој спортски покажа фер-плеј и својата фаворитска улога си ја потврди во базенот во Волос.
Македонија ја победи Словенија пред овој меч со 7-4 и ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир, па се остана во раце на јужните соседи. Во случај да победеше Франција, ќе се направеше група од три селекции со ист скор, во кој Македонија ќе имаше најслаба гол разлика, но сепак, на голема радост и со помош на Грција, избраниците на Стеван Нонковиќ третпат ќе ги гледаме на големо натпреватување.
Македонското ватерполо изненадувачки се најде на ЕП во малага во 2008, каде и експлодира со седмото место и обезбеденото учество на СП во Рим, лани, каде бевме 14., но поради добрите игри и напредокот, добивме и покана за годинешниот настап во Светската лига. Со ова се продолжува континуитетот на развој и добри резултати на ватерполистите.
{loadposition content9}