Грчкиот парламент денес ќе гласа за воведување на 13-часовен работен ден
Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзната реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен ден до 37 дена во годината под одредени услови. Моменталното законско работно време во Грција е осум часа, со можност за три часа прекувремена работа.
Државните службеници во Грција денес започнуваат 24-часовен прекин на работата, поттикнати од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ).
Се очекува само партијата Нова демократија (НД) на премиерот Кирјакос Мицотакис, која е на власт од 2019 година, да гласа за новиот закон, но тоа ќе биде доволно за да се усвои реформата, бидејќи централно-десничарската политичка група има 156 од 300 места во грчкиот парламент.
Мерката би се применувала само „до 37 дена во годината“ и би била доброволна, нагласи министерката за труд, нарекувајќи го дискурсот на опозицијата за 13-часовен работен ден „неточен и погрешен“. Керамеус верува дека тоа сугерира дека „сите ќе работиме 13 часа на ден во текот на целата година“, изјави таа за телевизијата Sky.
Инаку, според Евростат, неделното работно време во Грција (39,8 часа) е поголемо од вкупниот просек на Европската Унија (35,8 часа). Грција веќе ја воведе опцијата за шестдневна работна недела, особено во случаи на голема побарувачка во сектори како што е туризмот.
Фото: АП