Skip to main content

Шајн: За нашите херои, пожарникарите, подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема

Нашите херои, пожарникарите на Охрид, заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Асен Шајн.
 |  инфодеск  | 

Заштитата на животот и имотите на охриѓани мора да биде во приоритетите на секој еден кој седнува на чело на општината преку јакнење на протипожарната заштита. Нашите херои, пожарникарите на Охрид, заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Асен Шајн. Веднаш по стапување на функција во првиот месец во мојот мандат ќе ги подобриме условите за работа, порача Шајн.

„Ќе ги преземеме следниве чекори: ќе го ревидираме начинот на исплата на платите на пожарникарите и ќе изготвиме нов правилник за плати и додатоци, ќе ја зголемиме основната плата за 25%, а со оглед на сложеноста на нивната работа и 25% додадок за ризик согласно Законот за пожарникарство, ќе се запазат сите законски права на пожарникарите, прекувремени часови за интервенција на терен, јубилејни награди за 10, 20 и 30 години стаж, правилни опремнини при заминување во пензија и ќе се почитува Законот за работа во недела со соодветна исплата за ангажман во недела.“ – најави Шајн.

Најголем дел од заложбата, потенцира Шајн, ќе биде насочена кон модернизација на опремата и возниот парк на ТППЕ Охрид.

„Ќе вложиме во нови возила, современа заштитна опрема и системи за брза интервенција. Овие проекти ќе ги реализираме со домашни и меѓународни институции бидејќи безбедноста на граѓаните е заедничка одговорност и највисок приоритет. потенцира Шајн.

Како важен сегмен во своето работење, Шајн посочи дека ќе се посвети на ефикасноста и ефективноста на вработените во локалната самоуправа насочени, како што рече, исклучиво во корист на интересите на граѓаните и следствено на тоа зголемување на основните примања што му следуваат на работникот согласно законските прописи.

„Охрид заслужува градоначалник кој ќе мисли на луѓето кои секој ден се на првата линија за да го заштитат градот. Јас сум решен да бидам тој Градоначалик.– порача Асен Шајн.