Skip to main content

Животната средина, поголемо граѓанско учество и транспарентност на локалната се во фокусот на Коалицијата за зелена иднина

Никола Киселинов, носител на советничка листа од Зелената коалиција, порача дека во Советот на Општина Охрид ќе се залагаат за намалување на загадувањето на воздухот, почвата, водата и ставање ред во урбанистичката сфера.
 |  инфодеск  | 

Во фокусот на програмата на кандидатите за советници од Коалиција за зелена иднина која на изборите настапува под бр.8 е човекот и животната средина, поголемо учество на граѓанинте во сите аспекти на работата на општината и Советот и транспарентност и отчетност на локалната власт, кажа денеска на прес конференција носителот на листата, Никола Киселинов. Тој порача дека Зелената коалиција во Советот на Општина Охрид ќе се залага за намалување на загадувањето на воздухот, почвата, водата и ставање ред во урбанистичката сфера.

Ние како Зелена коалиција, сакаме своето учество во Советот да го подигнеме на едно повисоко ниво, се со цел да се намали што е можно повеќе загадувањето на град Охрид, и при тоа предлагаме неколку мерки: поставување на 4 нови мерни станици покрај секое училиште, се со цел да се прати загадувањето со ПМ честички, во летниот период со прашината или поставување на смарт билборди.– кажа Киселинов.

За проблемот со намалување на нивото на Охридското Езеро, Киселинов рече дека треба да се посвети поголемо внимање и вклучување на меѓународната заедница во решавање на овај проблем.

„За Охридското езеро ќе бараме поништување на договорот со Р. Албанија за испуштање на водата од Охридското езеро за производстсво на електрична енергија.“ – дециден е Киселинов.

За проблемот со депониите Буково и Мауцкер, посочи дека ќе се трудат да го едуцираат населението за управувањето со одпад, но истовремено ќе бараат да се преземат мерки, како поставување видео надзор на Буково за да се спречи нејзино палење и загадување на Охрид и околината.

Депонијата Мауцкер е археолошки локалитет. Никако не се согласуваме таму да се гради претоварна станица бидејќи тоа е негативно за развојот на туризмот. Предлагаме за овај локалитет да се отпочне проект со археолошко истражување по принципот на Помпеја 2. Да го отвориме тој локалитет и тој град Хермелеја кој се наоѓа под самата депонија да се отвори со цел да се создаде една нова туристичка понуда на градот.“ – рече Киселинов.

Зелената колаиција ќе бара поголемо учество на граѓаните преку активирање на постоечките урбани заедници при носењето на секој урбанистички план, кажа Киселинов.

Ќе бараме од Советот да се формира, според статутот е предвидено, Комисија или тело за урбанизам составено од стручни лица, не партиски послушници, кои ќе водат стручна расправа за урбанизмот во Охрид. Ќе бараме отворање на Канцеларија на УНЕСКО за Охрид со стручни лица и од граѓанските организации, рече Киселинов.