Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Од УХМР додаваат дека под влијание на влажен бран од Медитеранот денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни денес, особено во западните и југозападните делови кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Во Охрид минималните температури од 8, а максималните до 13 степени Целзиусови.