На полноќ почнува изборниот молк
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржат во недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалициите уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг. Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2. ноември.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вечерва ќе имаат завршен централен митинг во Охрид, а СДСМ и Коалицијата својата програма ќе ја претстават во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово.