Skip to main content

државна изборна комисија

Изборите во Охрид и Дебрца се одвиваат непречено и без проблеми

ДИК: Излезноста во Охрид до 11:00 часот е 9,92%, во Дебрца 13,8%.
 |  инфодеск  | 

Државната изборна комисија објави дека до 11 часот на Локалните избори во Охрид излегле 5213 граѓани со право на глас, односно 9,92% од вкупниот број запишани избирачи.

Во општина Дебрца, пак, до 11 часот гласале 545 лица, или 13,8%.

Oпштини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Крива Паланка 16,85, Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15,27, Дебрца 15,76, Демир Капија 15, Кратово 16,16, Крушево 16,97, Пробиштип 17,64, Ранковци 15,05, Струга 8,8%… Со најмала излезеност се општините Сопиште 3,93 проценти, Центар Жупа, 4,89 проценти, Боговиње, 4,48 проценти и Врапчиште, 2,54 проценти.

Изборите во двете општини се одвиваат непречено и без проблеми.

Гласачките места утрово се отворија во 07:00, а гласањето ќе трае до 19:00 часот.