Основното јавно обвинителство од Охрид поведе постапка за прекршување на изборниот процес, против лица кои наводно подготвувале поткуп на гласачи. Имено, возило било сопрено по оперативни сознанија на полицијата, дека во истото има лица кои вршат кривично дело поткуп при гласање, информираа вечерва од Јавното обвинителство на Република Македонија.
– Возило беше запрено, легитимирани се три лица, а во автомобилот биле пронајдени 30 банкноти од по 2.000 денари и наводен список на лица кон кои требало да се даваат тие пари, информираат од обвинителството.
Од таму додаваат дека во зависност од собраните докази ќе се продолжи постапката.