Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе остане како прв татко на Општина Вевчани. Тој во првиот круг освои 823 гласови, или 55,83% од гласовите.
-Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, изјави Кочовски.
Стефан Радиноски од коалицијата предводена од СДСМ освои 514 гласови (34,87%), а Господинот Поповски 54 гласови (3,66%).