Skip to main content

Денес настан на тема: Значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција на ракот на дојка

Настанот ќе се одржи во ресторанот Порта со почеток во 17 часот.
 |  инфодеск  | 
person with pink band on her left hand

Здружението на лица со дијабет од Охрид, а по повод месецот за превенција од рак на дојка, денеска организира настан кој преку разни содржини ќе има задача да го повтори значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција.

Пред присутните ќе се обрати Др. Тони Чифлигароски, а за своите искуства од справувањето со болеста, периодот после откривање на истата и со пораки кои инспирираат, ќе се обратат жени-борци, говорнички. За присутните ќе има и мали изненадувања, ќе има и лотарија и тивка аукција, со цел настанот да ја покаже и човечката димензија, си цел одредена сума на пари, да бидат донирани на жена која во моментот поминува тежок период, со цел да знае дека има поддршка и не е сама, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи во ресторанот Порта со почеток во 17 часот.