Skip to main content

Културолошка Иницијатива „5 до 12“

Во сабота премиера на краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“

Премиера на краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“ во сабота.
 |  инфодеск  | 

Во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар е закажана премиерата на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски. Премиерата е закажана во 19:30 часот.

„Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја раскажам човечноста што често не ја забележуваме, да покажам дека херојството може да биде тивко, обично, но длабоко човечко, вели Цветкоски.

По проекцијата ќе следи дискусија и Q&A, со Ѓоко Симјаноски како модератор, а пред проекцијата ќе биде поставен инфо-штанд на Црвен Крст Охрид за сите кои сакаат да дознаат повеќе за крводарувањето. Филмот ќе биде прикажан со превод на англиски јазик.